Вести Македонија Најважни

Двајца градежни работници загинаа откако врз нив паднал ѕид

Градежни работници на 50 и 63 години ги загубија животите попладнево додека работеле во тетовска Шипковица. Според првичните информации на СВР Тетово настрадале А.А.(63) од тетовско Селце и Џ. Ц.(50) од Република Албанија.

Денес во 15 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека две лица додека изведувале градежни работи во тетовското село Шипковица, се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале. Лекари од Итната медицинска помош констатирале смрт кај нив. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово вршат увид и се утврдуваат сите поединости поврзани со овој случај, информира Марјан Јосифоски, портпрол на СВР Тетово.

Тој информира дека на местото на несреќниот случај присутни се и тетовските пожарникари и претставници од Државниот трудов инспекторат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе