Македонија во наредната година ќе го исполни стандардот на НАТО и ќе достигне распределба на два отсто од бруто домашниот производ за одбраната, а така ќе биде и 2025 година. Според пресметките, на среден рок треба да се издвојат 304 милиони евра за оваа намена. Издвојувањата на Македонија во моментов се 1,85 отсто, односно 274 милиони евра, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.
Објасни и дека од постоечкиот буџет се наменуваат 30 до 33 проценти за модернизација на армијата, за набавка на нова опрема што се купува исклучиво од САД, од Франција, од Германија и дел од Турција, членка на НАТО. Ковачевски додава дека со овој буџет се опфаќа и реконструкцијата на армиската инфраструктура.
