Вести Македонија Најважни

Судиите денеска гласаат за избор на двајца нови членови на Судски совет

Утрово од 8 часот па се до 15 часот попладне се гласа за избор на двајца нови членови на Судскиот совет. Право на глас имаат 236 судии. Од нив 16  судии ќе  гласаат во изборната единица во Врховниот суд,   а  220 судии  на 12 избирачки места од  апелационото подрачје на Скопје и управните судови.

Ќе се бира еден член од Врховен каде единствен кандидат е Наќе Георгиев, додака на листата за членови од скопското апелационо подрачје  има двајца кандидати: Антоанета Димовска, судија од Граѓанскиот суд во Скопје и Лазар Нанев судија од Основниот суд во Кавадарци.

Нови членови во Судскиот совет се бираат бидејќи претходно беа испразнети две места поради оставките на врховната судијка Мирајна Радевска Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски кои во своето образложение рекоа дека воопшто не се согласуваат со работењето на ова тело.

За Наќе Ѓеорѓиев се отвори патот да стане член на Судски совет откако претходно на затворена седница беше донесена одлука да биде запрена дисциплинската постапка за утврдување на одговорност односно за нестручно работење, отворена минатата година за периодот кога  бил претседател на штипска апелација.

Неговата сопруга е обвинителка, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители.

Судијката Антоанета Димовска од скопскиот граѓански суд претходно беше кандидат за  уставен судија, но Судски совет не ја поддржа.

Во 2017 таа јавно го критикуваше Судскиот совет за изборот на судии за апелација каде конкурираше и кој го нарече скандалозен.

Димовска е сестра на пратеничката Снежана Калевска Ванчева од СДСМ.

И за Лазар Нанев има отворено постапка во судскиот совет откако обвинители во Кавадарци го пријавиле дека им се заканува и не ги пушта во судница на рочишта.

Изминатиот периот Судски совет го тресан низа скандали кои почнаа со разрешувањето на екс претседателката Весна Дамева.

По скандалите, повеќе меѓународни фактори ги замрзнаа проектите во Судскиот совет, холансдскиот амбасадор ги нарече нелегитимно тело, а невладините бараат колективна оставка за да го спасат највисокото судско тело од предизвиканиот срам..

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе