Тројца судии на две избирачки ливчиња. Двесте триесет и шест судии од 13 судови гласаат за пополнување на двете испразнети места во судскиот совет по оставките на врховната судијка Мирјана Радевска Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски кои јавно ги обелоденија разидувањата со Судскиот совет по скандалите во Судскиот совет и разрешувањето на екс претседатеката Весна Дамева.
Името на судија Наке Георгиев е единствено на избирачкото ливче во Врховен суд, но токму неговата кандидатура се совпадна со затворањето на дисиплинската постапка што судскиот совет ја отвори уште лани, а се однесува за перидот кога тој беше претседател на штипска Апелација. Судски ја запре постапката против него, но обвинителството води предистражна постапка откако судскиот совет кај нив ја препратил анонимната претставка поврзана со коруптивни дејствија.
Извесноста дека ќе добие нова функција во правосудството фрли светлина и на фамилијарните врски. Неговата сопруга е обвинителка во Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и наскоро токму судскиот совет треба да го избере. Името на овој судија се поврзува и со скандалот што го објави членот на судски Ивица Николовски, кој се пожали дека судија за кого се води постапка за нестручно и несовесно работење му влегол непоканет во канцеларија и го прашувал зошто му води постапка. Георгиев кариерата ја почнува во основиот суд во родната Струмица во 1997 година и преку штипска Апелација доаѓа до врховен суд освои уште една скала во карирерата во најмоќното судско тело во моментите кога доживува најголеми критики.
На другата кандидатска листа од скопското апелационо подрачје, судиите бираат меѓу судијката Антоанета Димовска, која има судско искуство во овој суд од 1996-та година и претседателот на кавадаречкиот суд Лазар Нанев, кој суди во овој суд од 2002 година, а од 2012 година предава и на Правниот факултет во Штип.
И за Нанев судскиот совет води постапка по пријава на обвинители од кавадаречкото обвинителство дека им се заканува и не ги пушта во судница на рочишта. Неговото име првично не беше на кандидатската листа поради тоа што не поднел комплетна документација, но членовите на советот му го прифатија приговорот.
Судијката Димовска се пријави и за уставен судија, но судскиот совет не ја поддржа нејзината кандидатура. Таа е сестра на пратеничката Снежана Калевска Ванчева од СДСМ и во 2017 година јавно го критикуваше судскиот совет за изборот на судии за скопска Апелација кој го нарече скандалозен.
И овој избор за членови на судски совет покажа слаб интерес на судиите да влезат во судскиот совет.
Од критики за незаконско работење, до тоа дека станале нелегитимно тело – судскиот совет изминатите месеци по серијата скандали е во центарот на вниманието. Министерот за правда го отоври и прашањето за распуштање на Судски, а холандскиот амбасадор ги нараче нелегитимно тело.
По турбуенциите во изминатиот период, невладините бараа оставки од сите членови на советот и ги повикаа судиите да ги бојкотираат овие избори, со цел да се почека извештајот на оценската мисија што за Телма ја најави евроамбасадорот Гир.
Елена Ивановска Мукоска
