Две противпожарни возила со шест пожарникари интервенирале во гасењето на пожарот во битолскиот затвор.
Огнот бил брзо изгаснат и спречено е негово понатамошно ширење информираат од битолската противпожарна единица која интервенираше на терен.
Притворените лица времено ќе бидат преместени во друга просторија додека притворското одделение и оштетената инсталација се санираат.
Првичните неофицијални информации се дека пожарот е подметнат од страна на притвореник но, сепак истрагата треба да покаже како бил предизвикан.
Огнот веднаш бил забележан од страна на затворските чувари кои веднаш презеле мерки за негово гасење.
Според информациите четворица од нив биле хоспитализирани поради вдишување на чад но без сериозни последици. Во пожарот во битолскиот затвор нема повредени лица.
