Вести Македонија Најважни

Ајро и Гоџовска заминуваат во Вишото обвинителство, Ристовска повторно без доволно гласови

Артан Ајро од екс СЈО и Наташа Гоџовска заминуваат во Вишото обвинителство со максимална поддршка од деветмина членови на Советот на јавни обвинители. За кандидатката Ленче Ристовска одново спорен е нејзинот број на сработени предмети, а со иста причина доволно огласови не доби ниту бившиот колега, Љубомир Лапе. Без дискусија и едоногласно за шеф во Гостивар е избрана досегашната обвинителка од одделението за организиран криминал Елизабета Јосифовска. Вилма Русковска извиси за место обвинител кај Јовевски во државното обвинителство.

Куса дебата и познати причини. Ленче Ристовска и Љубомир Лапе кои се на задача да ги довршат почнатите предмети на СЈО не добија поддршка од советот на јавни обвинители за да станат виши обвинители. На Ристовска и е втора кандидатура, а овој пат членовите неизброот го бранеа и со нејзиотот трудничко отуство.

Од дванесетмина, отпаднаа 10, а поддршката отиде со по 9 гласови ЗА на Артан Ајро и Наташа Гоцовска. Гоџовска, која е сестра на поранешниот министер за правда од редовите на СДСМ Никола Тупанчевски, како обвинителка се повлече од предметот за малата Тамара, а во фокусот се истакна со предмeтот за тешката сообраќајка во која загина студентката Фросина Цековска. Ајро по распадот на СЈО се приклучи на обвинитеството за гонење на органзииран криминал. Во меѓувреме се најде на тапет на антикорупционерите кои поведоа две постапки против него и три против неговиот брат, сега избран полициски началник. Сопругата на Ајро ја заврши академијата и беше номинирана за судија, но со законски пробив доби вработување во Управниот суд. Но, со оглед дека укажувањата во јавноста за Ајро не се процесуирани, советот денеска немаше етичка дилема да му додели максимални 9 галсови.

Среќата им е насмевна и на четворица кандидати за во јавното обвинителство, а со само два гласа за во државнтото обвинителство извиси поранешната шефица на органзиран криминал Вилма Русковска. Обвинителот Јовевски кои имаше право на глас беше воздржан. Нејзината колешка, поранешна заменичка на Катица Јанева,,  Елизабета Јосифовска му станува шефица на новајлијата обвинител, синот на спикерот Талат Џафери во гостиварското обвинителство.

Златко Биковски против кого во миантот се водеше дицисплинска посптака, од Берово се сели во јавното обвинителство. По денешниот избор обвинителството за броба против организиран криминал не се засили со повеќе луѓе. На местото на Јосифовска и Ајро доаѓаат Оливера Проеска и Верица Бержетска, а Милица Гаврилова доби реизбор. Најсилната трка за во Вишото обвинителство Советот ја објаснува со незадоволството на обвинителите во основните обвинителства поради пренатрупаноста со предмети и недостигот на услови за работа како и стручна помош. Сите обвинителства во септември ќе се пополнуваат преку нов оглас.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот останува непознат

Дејан Дејан

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Дејан Дејан

Данокот на имот во Скопје ќе се пресметува според реалната пазарна вредност на недвижностите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе