Вести Македонија Најважни

Вработени кои протестираа пред „Комунална хигиена“ добија откази

Протестираа, како што велат за леб, а добија откази. 27 вработени во „ Комунална хигиена“, се отпуштени од работа, а за тоа дознале синоќа доаѓајќи во трета смена, кога го виделе листот  на огласната табла со нивните имиња и презимиња. Се работи за лица кои имаат повеќедецениски стаж во претпријатието, а биле распоредени на работни места од метачи, преку магационери до возачи и главни на блок. Не се спасија од најавата на директорката Мазнева за нови отпуштања и покрај вчерашната одлука на Извршниот одбор на Синдикалната организација на „ Комунална хигиена“, во интерес на здравјето на граѓаните , да запре четиридневниот бојкот на работата и да продолжат да го собираат сметот.

  • Атер за граѓаните прекинавме со револтот за да го чистиме сметот оти времето е многу топло, да не се шири некоја зараза. Во спротивно, добивме отказни решенија . Баравме леб, добивме отказни решенија. Луѓе што работевме по 30 – 40 години со работен стаж во „ Комунална хигиена“, изјави Насер  Биљал- претставник на Синдикалната организација на „ Комунална хигиена“

Најновите откази во јавното претпријатие се дополнување на веќе отпуштените десетина вработени на неопределено време, меѓу кои е и синдикалниот лидер и 27 примени со договор преку Агенцијата за привремени вработувања. Меѓу последните кои добија откази само за едно лице претходно била спроведена дисциплинска постапка , а останатите се отпуштени само затоа што протестираа , барајќи повисока плата, К-15, бенефициран стаж и враќање на избрканите колеги, вели Биљал. Тој се жали дека членовите на синдикатот се изложени на уцени од директорката за бркање од работа,  доколку делуваат за остварување на барањата. Затоа синоќа не се одржа состанокот на синдикалната организација на „ Комунална хигиена“.

  • Имаше закана од нејзе дека кој ќе оди на состанокот ќе биде избркан од работа, вели Биљал.

За новонастанатата состојба со отказите ја побаравме директорката Мазнева, но таа остана недостапна на нашите повици.  За спречување вработен да си ја врши работата, додека траеше протестот во претпријатието, едно лице заработи кривична пријава за насилство. А, можно е да има и други кривични пријави, кажа министерот за внатрешни работи.

  • Денеска треба да биде доставен записникот од Инспекторатот за заштита на животната средина, Комуналниот инспекторат и од инспекторите од Град Скопје, да ги видиме наодите нивни во однос на целата оваа состојба . И во постојана координација сме со Обвинителот. Секако дека, доколку се утврдат елементи на кривично дело за сите сторители кои придонесоа главниот град да се дави во смет, можно е да бидат поднесени кривични пријави, изјави министерот Спасовски.

Според Спасовски треба да одговараат и тие вработени во „ Комунална хигиена“ за кои ќе се потврди дека со години земале плата, а не доаѓале на работа.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел планира копнена офанзива во Рафа – предупредување на палестинскиот претседател Абас

Дејан Дејан

Пет лица загинаа, 33 се повредени, 140 фаврички погони се оштетени – торнадо во Кина

Дејан Дејан

Над 800 лица се заразени со норовирус на фестивал во Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе