Вести Македонија Најважни

(видео) Се уште чадат просториите од пожарот кој го зафати судот во Куманово

Уште чадат просториите на Основниот суд Куманово, каде ноќеска по полноќ изби пожар, кој ги зафати подрумските простории со дел од архивата.

Седум пожарникари интервенирале со две противпожарни возила, соопштија од ЦУК.

Нашиот репортер од терен јавува дека пожарот е локализиран, но се уште чадат просториите, а чадот се гледа и во воздухот.

Пожарникарски тимови се уште се наоѓаат на местото . Нема повредени.

Претседателката на судот Снежана Манева за Телма утринава потврди дека е регистриран пожар во подрумскиот дел во една од просториите. Во тој дел на судот се наоѓа архива од предмети од минатото.

  • Не знаеме засега кои се причините, дали е подметнат или е од електрична инсталација. Тоа ќе покаже истрагата. Зафатена е една подрумска просторија, ни рече Манева.

Во зградата се наоѓа и основното јавно обвинителство како и неколку јавни претпријатија. Судот во Куманово се наоѓа во непосредна близина на полициската станица и на зградата на општина Куманово.

Претходно изгореа документи во Министерството за правда, потоа пожар имаше во Инспекторат за животна средина, гореа бараките на поранешниот суд за прекршоци, а петходно изгоре и шалтер салата во Македонски Пошти.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе