Вести Македонија Најважни

Откри ли нешто обвинителството за случајот „Мерко“?

Провериле се, до обвинителите се дадени упатства за работа и препораки за подинамично водење на предметите за Рамис Мерко, но во соопштението на обвинителството нема детали дали се најдени пропусти во работата на обвинителите откако името на струшкиот градоначалник се најде на американската црна листа поради корупција, влијание во правосудството и злоупотреба на фондовите. Комисијата на обвинителството ги испрашувала обвинителите дали имале притисок и да бидат транспарентни за постапки од интерес на јавноста. Но, нема детали дали обвинителите признале или почувствувале притисок од моќници.

За време на извршениот надзор, членовите на Комисијата извршија и директни разговори со јавните обвинители од кои побараа да се произнесат дали чувствувале какви било притисоци во постапувањето и дали се соочуваат со проблеми при водењето на постапките. Во исто време, членовите на Комисијата апелираа до надлежните јавни обвинители за поголема ажурност и ги охрабрија да го пријавуваат секој обид да се компромитираат постапките што се водат во јавните обвинителства, соопштија од ЈО.

Од 2006-та досега имало вкупно 30 предмети за Мерко од кои 15 се активни во струшкото и во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Во Организиран криминал и корупција е активен и предметот за набавката на службеното возило на Мерко, кој беше купен со судска дозвола од блокирана општинска сметка она која претходно беа префрлени државни буџетски пари за да се раздолжува Струга.

Обвинителството соопшти дека за еден дел од останатите предмети кои се затворени, комисијата испратила укажувања до обвинителите за нивното постапување.Ни за ова нема подетално информации дали станува збор за неправилности или нешто друго.

Обвинителството изготвило и 4 други мерки, а најавуваат дека ќе иницира средби со надлежните истражни органи со цел, цитирам, активирање на национален фронт за борба против корупцијата.  Инаку случајот со Мерко е отворен откако тој беше ставен на црната американска листа поради корупција, злоупотреба на јавни пари и влијание врз правосудството.

И судскиот совет отвори постапка по жолтиот картон од Вашингтон и најавуваат дека извештајот за Струга ќе биде готов до крајот на неделата, а по разгледување ќе биде и објавен во јавноста.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот останува непознат

Дејан Дејан

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Дејан Дејан

Данокот на имот во Скопје ќе се пресметува според реалната пазарна вредност на недвижностите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе