Вести Македонија Најважни

Малата поддршка ги предомисли членовите на еден од синдикатите на ЈСП – само 30-тина луѓе штрајкуваа, но порачаа нема да застанат

Околу триесетина вработени од ЈСП и членови на еден од неколкуте синдикати утринава во 4ипол како што и претходно беше најавено излегоа да го изразат својот револт со барање за средба со претпоставените во претпријатието да разговараат за нивните барања- покачување на нивните плати, исплата на надоместоци, хранарина за трета смена и подобрување на електронската евиденција за прекувремена работа. Ги повикаа и останатите синдикати да им се придружат за да успеат во борбата за остварување на нивните права.

-Ние нема да застанеме тука, доаѓа Септември, доаѓа времето кога ќе бидеме подготвени можеби повеќе дотогаш. Луѓето ќе видат со кого си имаат работа, кој е вистинскиот синдикат и кој се бори за нивните права. Ние не се криеме, бараме тоа што ни следува, не бараме ништо надвор од рамките на законот и колективниот договор, кој истите тие синдикати го потпишале, но не се грижат за негово спроведување, вели Марјан Поповски, претседател на СПАЈС на Македонија.              

Иако протестот требаше да трае до 12 часот претставниците на синдикатот СПАЈС одлучија да се повлечат со одговор дека решиле потребите на граѓаните да ги стават во преден план, но ваквата одлука најверојатно дојде и поради малата поддршка на вработените.

Иако беа собрани околу 180 потписи овде зад мене во дирекцијата на ЈСП се собраа околу 20 луѓе.

Од Јавното сообраќајно претпријатие утрово без коментар, информираа дека за настанатата состојба со став ќе излезат во текот на денот. Од таму и вчера потврдија дека штрајкот на синдикалната организација нема да влијае врз работењето на претпријатието и сите автобуси навремено ќе излезат и ќе сообраќаат на вообичаените рути.  Ова не е прв протест на вработените во ЈСП. И претходно вработените во претпријатието имаа еднодневен штрајк, но тогаш тој беше за неисплатени примања. Протестот тогаш беше заокружен со договор меѓу двете страни.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе