Вести Македонија Топ вести

1,4 милијарди евра тежат арбитражните спорови кои се воделе или водат против Македонија

Осум арбитражни спорови, од кои пет се во тек, се поведени против Македонија во периодот од 2017 година па досега. Вредноста на тие спорови е речиси 1,4 милијарди евра кои доколку ги загуби државата ќе требаше да ги плати. Досега се завршени три спора, во еден тужителот кој бараше вкупно 500 милиони долари оштета се повлече, еден државата го доби, а еден го загуби и ќе треба да плати штета од 21 милион евра.

Македонија го доби спротот со холандската компанија „Кунико ресорсис“ која бараше 74 милиони долари штета поради, според нив, незаконска стечајна постапка за „Фени“. Холандската компанија е задолжена да плати три милиони долари на адвокатската компанија која ја застапуваше Македонија.

Досега единствениот арбитражен спор кој Македонија го загуби е со „Хеленик петролеум“ и спорниот договор за испорака, но од Влада се децидни дека ќе се плати помала сума од досудената.

Индиската компанија „Бинани“ во два наврати поведе арбитражен спор против државата, во првиот се повлече и сега Македонија бара присилна наплата на трошоците за адвокатите и постапката, додека втората се запре.

Активни спорови во моментов се „Блажо Тасев против државата“, кој бара оштета од 492 милиони евра за, според тужбата, незаконска експропријација на имотот на „Саса“, шестмина украински државјани кои бараат оштета од 78 милиони евра заради раскин на концесијата во „Казандол“ по рефередумот на локалното население, турската „Гама Гуч“, која бара 5 милиони евра штета околу стечајна постапка во „ТЕ-ТО“ и спорот кој го води италијанската компанија „Инс Системи“ кои требаше да го градат Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но договорот кој го потпиша тогашниот министер Тодоров го раскина неговиот наследник Филипче. Очекувањата во однос на овој спор се неповолни, а нема да биде изненадување и доколку се поведе арбитражен спор околу Иловица кој е можно да тежи и до една милијарда евра.

Во арбитражните спорови државата ја застапуваат странски адвокатски канцеларии, кои се бираат од листата на триесетте најдобро рангирани канцеларии во светот, а досега за нивните услуги се плати околу 15 милиони евра, или околу еден процент од вкупната сума на споровите во кои ја застапувале Македонија.

Државниот завод за ревизија, во извештајот за работењето на Владата не најде замерки околу начинот на кој се ангажираат адвокатски канцеларии, но побара да се утврди одговорност за лицата поради кои се поведени арбитражни спротиви против државата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Балансерот мора да остане, иако е злоупотребен од сите страни – Таравари во „Топ тема“

Дејан Дејан

Дипломатската потсекретарката на САД Елизабет Ален ќе допатува во Македонија, Србија, БИХ и Косово

Дејан Дејан

Таравари во „Топ тема“: Гледам светло на крајот на тунелот за уставните измени, до 2028 година можеме да бидеме и полноправна членка на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе