Вести Македонија Најважни

Решение на повидок – владата ќе ги покачи платите на администрацијата, но не сака да ги намали своите

Најмалку 10 проценти од септември, а од март во 2025-та година системски модел за раст на платите според зголемувањето на просечната плата. Иако двете страни не откриваат детали, извори на Телма велат дека ова е решението за кое синдикатите и владата во понеделник ќе си подадат рака.

Според првиот човек на најголемиот синдикат во земјава, владата е подготвена да се согласи на процент на покачување со кое ќе се надомести стапката на инфлација од 14,5 проценти. Камен на отсопнување, кој треба да се надмине, е и регресот за годишен одмор. Синдикатите нема да попуштат под сума од 10.000 денари за секој вработен.

Спроед извори од двата преговарачки табора, владата сакала да се земат во предвид веќе дадените покачувања во одредени сектори кои варираат од 3,5 до 9 отсто, но очигледно е дека ќе попушти пред синдикатите за најмалку 10 отсто веднаш за сите сектори во периодот додека не се изработи методологијата.

Дали ќе се задоволат барањата на сидниактите за најмалку 14 отсто во сите сектори за 138.000 вработени ќе се знае во понеделник на закажната средба. Но, засега е сигурно дека владата не сака да се откаже од покачувањето на платите на избраните и именуваните фунционери од 78 отсто.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе