Вести Македонија Најважни

Стручниот колегиум на ГАК во одбрана на колегите по извештајот од ДСЗИ со нотирани пропусти околу третманот на родилката која скокна од зградата

Сѐ уште не сме го добиле официјално решението од вонредниот надзор на ДСЗИ. Кога ќе го добиеме ќе одговориме. Но, стоиме зад постапките на вработените, велат од Стручниот колегиум на Клиниката за Гинекологија и акушерство, во врска со извештајот од вонредниот надзор што го направија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат,  во кој се утврдени пропусти во третманот на 39 годишна родилка, која скокна од прозорец од ходникот на зградата, во неделата вечерта.

  • Стручниот колегиум на ГАК, едногласно заклучи дека во целост стручно и професионално стои зад постапките на ЈЗУ- ГАК. Стручниот Колегиум и Управата на ЈЗУ-ГАК се отворени за понатамошна соработка и со ДСЗИ и со Министерството за здравство , во врска со подетална анализа на случајот.

Реакцијата на Стручниот колегиум на Клиниката за Гинекологија доаѓа по вчерашното објавување на извештајот од спроведениот надзор, од страна на ДСЗИ, во кој е констатиран пропуст во реализацијата на конзилијарните прегледи од психијатар, побарани во два наврати за радолката, но нереализирани. ДСЗИ наложи спроведување постапка за утврдување одговорност од здравствените работници на Гинекологија кои не ја спровеле до крај постапката за обезбедување специјалист по психијатрија за унесреќената родилка. A, на барање на министерот за здравство Меџити, формирана е комисија за стручен надзор.

  • Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ има задача да изврши надзор над стручната работа во Гинекологија, во врска со лекарскиот третман на родилката. По добивање на извештајот  од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба.

А, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ, велат од министерството за здравство.

По трагичниот случај од Гинекологија кажаа дека жената два пати по породувањето била малку вознемирена. Првиот пат разговарала со клинички психолог, а вториот пат и дале терапија и е донесена одлука да се направи подобра проценка на нејзината здравствена состојба, а пред да се пушти дома да ја види психијатар . ДСЗИ спроведе вонреден надзор и на Клиниката за психијатрија , но таму не утврди пропусти во организацијата на работата.

Од денеска на Гинекологија се воведени посети од психијатар за родилките и трудниците со поголем здравствен ризик. Психијатарот разговарал и со персоналот кој претрпи траума , сведочејќи на фаталниот скок на мајката од Скопје, од први кат на згарадата . Таа сѐ уште се бори за живот на КАРИЛ и покрај извршената операција, по здобиените повреди од падот. А, нејзиното машко бебе пред два дена од ГАК си го земало семејството.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе