Вести Македонија Најважни

Миле Јанакиески попладнево е однесен во затворот Идризово

Поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески попладнево е однесен во затворот Идризово каде треба да издржува три и пол години затвор за случајот Титаник.

Јанакиески е единствениот кој доби затворска казна за случајот титаник, откако во понеделникот скопска апелација му ја намали казната од четири и пол на три и пол години затвоир.

Титаник е првиот случај за кој на почетокот на 2016 година, тогашното специјално обвинителство отвори истрага за кривични дела против изборите и гласањето.

Дел од обвинетите во овој случај, меѓу кои и Јанакиески, признаа вина.

Адвокатите на Jанакиески бараа спојување на сите притвори кои ги има издржано, со вкупно времетраење од 4 години и 8 месеци и да му се засметаат во изречената казна За Титаник за да не ја издржува во затвор но судот до сега нема одучено за ова.

  • Со наредба на судија за извршување на санкции, правосилно осуденото лице е спроведено на издржувње на камнза затвор со оглед на тоа што истиот веке бил во куќен притвор по предметот Титаник за кој апелациониот суд донесе правосудна пресуда. За сите дополнителни барања  одлучува судијата за извршување санкции, управата на затворот или евентуално надлежниот суд доколку е поднесено вонредно преиспитување, велат од Кривичен за Телма.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

Кои имиња ги пополнија собраниските фотелји – анализа на Телма на освоените мандати

Дејан Дејан

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе