Вести Македонија Најважни

Експресно носење на Миле Јанакиески во Идризово- судот го прати, а допрва ќе ги разгледува неговите барања

Миле Јанакиески со полициска придружба и две торби попладнево беше однесен во затворот во Идризово. Со наредба на Кривичен таму треба да ја издржува три и пол годишната затворска казна за случајот Титаник. На излегување од својот дом на новинарските екипи им кажа дека не се чуствува безбедно, но се ќе издржи само сака семејството да му е безбедно.

Земајќи предвид што ми се случи претходно  не, но сè ќе се издржи. Важно е фамилијата да биде здрава и жива, изјави Јанакиески.

Ова следува откако во вторникот апелација донесе правосилна пресуда со која на Јанакиески му ја намали казната од четири и пол на три и пол години затвор, а останатите обвинети добија условни казни. Одбраната на Јанакиески веднаш побара спојување на сите притвори кои ги има издржано до сега  со вкупно времетраење од 4 години и 8 месеци. Адвокатите бараа да му се засметаат во изречената казна за Титаник и да не ја издржува во затвор. Поднеле и други барања, но се изненадени од тоа што судот не се произнел позитивно или негативно, а веќе одлучил Јанкиески да биде спроведен во затвор.

Поднесовме и барање за одложување на почетокот на извршување на таа казна, за денеска да се пушти и барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, со предлог согласно законска одредба за преќин или одложување на извршување на казната по правосилната пресуда. Немаме никаква одлука, едноставно и ние сме изненадена од ваквото постапување. Не очекувавме дека може да се случи вакво нешто. Тој е однесен во Идризово и тоа е изненадување и за нас во овој момент, вели Еленко Миланов, адвокатот на Јанакиески.

Од судот велат дополнително ќе одлучат по барањата на одбраната.

 Со наредба на судија за извршување на санкции, правосилно осуденото лице е спроведено на издржување на казна затвор со оглед на тоа што истиот веке бил во куќен притвор по предметот Титаник за кој апелациониот суд донесе правосудна пресуда. За сите дополнителни барања  одлучува судијата за извршување санкции, управата на затворот или евентуално надлежниот суд доколку е поднесено вонредно преиспитување, велат од Кривичен суд за Телма, велат од Кривичен суд.

Јанакиески е обвинет во девет судски процеси, од кои два се правосилно завршени. Првиот е „Шамарите во центар“ за што доби условна пресуда, а во „Титаник“ доби затворска казна.

„Титаник“ е првиот случај за кој на почетокот на 2016 година, тогашното СЈО отвори истрага за кривични дела против изборите и гласањето. Дел од обвинетите во овој случај, меѓу кои и Јанакиески, признаа вина. Тој и се придружи на Јанкуловска во Идризово и се единствени двајца министри од владата на избеганиот Груевски кои завршија зад решетки.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе