Вести Македонија Најважни

Екипите на ЕВН блокирани со запалени гуми во обид да санираат дефект во Слупчане

Со запалени гуми и блокади поставени на главниот пат кој води кон кумановското село, жителите на Слупчане се обидоа да ги спречат екипите на ЕВН да влезат и да извршат интервенции.

Според информациите, ЕВН Хоме ја исклучила електричната енергија и селото остана во тотален мрак. Утрово за телма од таму велат дека ова е стар проблем и дека загубите по основ на кражба на струја се милионски.

Инаку загубите се околу 80% што е речиси милион евра годишно украдена електрична енергија… Од ЕВН велат дека се во постојана комуникација со МВР и од таму добиваат насоки и поддршка, но се додека не се овозможат услови за непречена работа, нема да може да се санира дефектот и реконструира мрежата. Екипите на ЕВН велат постојано се соочуваат со проблеми при било каква интервенција.

Настанот е пријавен во МВР, при што на терен излегле надлежните, и неколкучасовниот протест завршил без инциденти.

Видеото од синоќешните случувања доцна синоќа објави ТВ 21.

Инаку Слупчане важи за населено место каде што најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија… Фактури за струја пристигнуваат само кај 20 отсто од домаќинствата… Според некои пресметки вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото изнесуваат повеќе од 1 милион евра, односно околу 6 GW/h.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе