Вести Македонија Најважни

Судски совет ја утврди кандидатската листа за нови членови

Судскиот совет ја утврди кандидатскјата листа за нов член на Советот од составот на Врховниот суд.

Единствен кандидат е врховниот судија Наќе Георгиев. Вчера токму на Георгиев, Судскиот Совет му прекина постапка за нестручно работење од времето кога бил претседател на Апелциониот суд во Штип.

Само ден подоцна тој е единствен кандидат или речиси сигурен нов член на Судскиот совет, иако против него се води и предистражна постапка во обвинителството по анонимна пријава доставена во Судскиот совет.

За врховниот судија од штипското апелационо подрачје било наведено дека зема мито за секакви судски предмети и заедно со член на судски совет, кој се уште е активен, ја крои кадровската политика на кандидатите на Академијата за судии и обвинители.

Судскиот совет со името на Лазар Нанев, актуелен претседател на кавадаречкиот суд, ја дополни и ја утврди кандидатската листа за нов член на Советот од скопското аплеционо подрачје.

За едно место во Советот ќе се борат Нанев и Антоанета Димовска. И за Нанев има отворено постапка во судскиот совет откако обвинители во Кавадарци го пријавиле дека им се заканува и не ги пушта во судница на рочишта.

Двете места во Советот се ослободија откако двaјца членови си поднесоа оставки по скандалозното однесување на мнозинство членови на Советот кои надвор од процедури ја разрешија Весна Дамева од претседател и забранија влез за сниматели на седниците на Советот.

Токму Дамева денеска за новите кандидати за нејзини колеги рече дека „гласно ќе молчи за причините, но ќе гласа против кандидатските листи“.

По скандалите, повеќе меѓународни фактори ги замрзнаа проектите во судскиот совет, холансдскиот амбасадор ги нарече нелегитимно тело, а невладините бараат колективна оставка за да го спасат највисокото судско тело од срамот предизвикан од скнадалите.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе