Спорт Фудбал

Мората слободен за 20 милиони евра

Атлетико Мадрид по секоја цена сака да се ослободи од Алваро Мората, а тоа се потврдува со сумата што се бара за предвремен раскин на договорот.

Според пишувањето на медиумите во Шпанија, клубот од престолнината ќе дозволи трансфер на Мората доколку неговиот иден клуб плати обештетување од 20 милиони евра.

Неофицијално интерес за шпанскиот репрезентативец покажува Милан и дека тој на Сан Сиро ќе дојде по барање на тренерот Стефано Пиоли.

Доколку Мората летово замине во Милано тоа ќе биде трет трансфер во Италија откако во текот на кариерата на два пати беше дел од тимот на Јувентус.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе