Вести Македонија Најважни

Иницијативата за упатството за вметнување на национална графа во изводот од матична книга пред Уставен

Уставниот суд одлучува по иницијативата за упатството за вметнување на национална графа во изводот од матична книга на родените.

Со иницијативата се бара тоа да биде поништено како ништовно бидејќи промашен е рокот за објавување во службен весник од 7 дена  и истото е објавено за 14.

И министерот за правда Кренар  Лога се согласува дека е направен пропуст но тврди дека доа било случај многупати претходно и дека доколку одлуката биде да се прифати иницијативата тоа како што рече ќе ја отвори Пандорината кутија.

Пропустот со рокот вели дека е направен во владиниот секретаријат каде многу се доцни. Прашан каде во друга земја во светот има графа за националност министерот не даде конкретен одговор но рече дека никаде во друга земја нема потреба да се докажува националноста.

Во однос на ставот на професорката Рената Дескоска, Лога вели дека таа не може да одговара за овие прашања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со обележани 2000 евра, кавадарчанец е уапсен за измама

Sonja Petrusevska

Немал дозвола, возел под дејство на алкохол и излетал од пат кај Кочани – лишено од слобода 24-годишно момче

Sasko Dimovski

Охрид останува надвор од Листата светски наследства во опасност – УНЕСКО даде рок од пет години за спроведување на препораките

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе