Вести Македонија Најважни

За да оди на лекар соседите на раце ја симнуваат Соња Димитриевска од петтиот кат- лифтот не работи речиси три години, Соња вели во Шутка да бев ќе беше подобро барем еднаш во денот ќе ме вадеа надвор

Месец и половина откако Телма ја објави приказната за жителите од социјалната зграда во Битола кои се заробени во своите домови затоа што лифтот е распан речиси три години, состојбата  е непроменета. Жителите сами се организираат кога треба некои од болните и неподвижни станари да оди на лекар па на раце го симнуваат од високите катови. За да ги остварат своите права, станарите најавуваат тужби за ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор.

На раце, во инвалидска количка, соседите  од петти кат ја симнаа 38-годишната Соња Димитриевска од социјалната зграда на улицата Смилевски Конгрес во Битола, за оваа млада жена со хендикеп да оди на лекар. Сами направија снимки кои ги испратија до медиумите, но и до сите надлежни  за да видат низ каква голгота минуваат со расипан лифт речиси три години.

Ништо не е променето и по месец и половина откако Телма  известуваше за маката на станарите од оваа зграда со расипан лифт.

  • Со голема мака ја слеговме,  а кога ја качувавме,  паднавме и се повреди и девојката и ние. Ја однесовме на стоматолог, а сега бара пак да ја слезиме да оди на лекар има мака со срцето, вели Димче Бошевски, станар.

Соња Димитриевска која боледува од церебрална парализа, за првпат по повеќе од две години излезе од дома. Не само што не може да оди на лекар, туку нема никаков социјален живот.

  • Соња рече во Шутка да бев ќе беше подобро, отколку тука. Барем еднаш во денот ќе ме вадеа надвор, вели Вера Мискаровска.

Меѓу педесетината жители на оваа зграда има и други болни и тешко подвижни кои  се заробени во домовите во  шесткатницата.

  • Трета година е зградата без лифт, шест спрата е, не е само девојката има и други болни, не можеме ние сите да ги слегуваме вели Димче Бошевски, станар.

Од ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор велат дека тендерот за избор на оператор за одржување и сервисирање на лифтот е во тек и ќе биде отворен во средината на месецот. Изборот на најповолен понудувач ќе заврши веднаш по спроведување на сите постапки, велат од ЈП и додаваат дека имаат целосно разбирање за проблемот, поради што се забрзува  процесот  во законските рамки. Но, станарите веќе го губат трпението и најавуваат тужби за да ги остварат своите права.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе