Uncategorized Вести Македонија Најважни

Запрена дисциплинската постапката за врховниот судија Наке Георгиев – ќе биде избран за член на Судски совет, бидејќи е единствен кандидат

На ден пред официјално да ги потврдат кандидатскатите листи за избор на двајца нови членови, Судскиот совет денеска ја запре постапката за врховниот судија Наке Георгиев, отворена минатата година, дознава Телма од извори во Советот.

Постапката за утврдување на одговорност на судија е тајна и на оваа точка јавноста беше исклучена,  но нашите информации говорат дека мнозинството членови гласале дека тој не треба да биде разрешен.

Кандидатските листи се веќе објавени, но Судски утре на седница ќе ги утврдува и ќе формира комисија за  избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите откако врховната судијка Мирајна Радевска Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски си дадоа оставки поради несогласување со работата на судскиот совет, поради што и изминатиот период советот доби бројни критики од домашната стручна јавност, но и од амбасадори. За сега единствен пријавен кандидат од врховниот суд е Наке Георгиев. Доколку нема промена до утре на листата, тој и со еден единствен глас, својот, ќе биде избран за нов член на судски совет. Неофицијално, постапката е отворена за периодот кога  бил претседател на штипска апелација. Неговото име во јавноста се поврзуваше и со реакцијата на членот на судскиот совет Ивица Николовски кој во декември лани на седница се пожали дека судија му дошол во канцеларија и го прашувал зошто му води дисиплинска постапка.

  • Судскиот совет е судиска куќа и секогаш судиите се добредојдени, меѓутоа не е вообичаено некој да земе за право без најава, ниту да биде повикан, директно да влезе во канцеларија со однапред точни информации да се обрати зошто тој како член на Совет е против него, го гони, а тоа е се беспотребно. Посочи дека најден е затечен, но останал на едно издржано ниво. Нагласи дека неговиот одговор кон почитуваниот колега е дека на темата со него би разговарал кога ќе го посочи лицето кое лажно,погрешно и необјективно го известил, изјавил Ивица Николовски, член на Судски и совет стои во записникот од седница од 16.12.22

Сопругата на Георгиев е обвинителка, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија. Следниот предизвик на Георгиев е судскиот совет.

За испразнетото место на Герасимовски за сега е пријавена единствено судијката Антоанета Димовска од скопскиот граѓански суд. Таа беше кандидат за  уставен судија, но судски совет не ја поддржа. Во 2017 таа и јавно го критикуваше и судскиот совет  за изборот  на судии за апелација каде конкурираше и кој го нарече скандалозен.  Димовска е сестра на пратеничката  Снежана Калевска Ванчева од СДСМ а на новинарските прашања досега одговараше дека треба да биде вреднувана поред нејзините професионални способности, а не по роднинските врски.

Судскиот совет денеска ја изземал и екс претседателката Весна Дамева од комисијата која водеше постапка против судијата Енвер Беџети дознава Телма. Таа сама пријави дека нејзиниот сопруг бил оштетен во предметот Таргет Тврдина кој 9 месеци неоправдано го држел Беџети и рече дека не треба да биде изземена. Сепак мнизнството од колегите одлучиле поинаку. На нејзино место во  комисијата влегува Павлина Црвенковска.

Судскиот совет денеска ја одложил и точката за формирање комисија за  претседтел на суд за злоупотреби со распределување на судски предмети. Ќе се чека да се доекипира советот со избор и на двајцата судии.

 

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе