Вести Најважни Свет

Стано: Од одлуките на Курти ќе зависи дали ЕУ ќе ги откаже мерките за Косово

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, потврди дека ЕУ одлучила да спроведе низа мерки кон Косово, бидејќи земјата не ги презела потребните чекори за деескалација на ситуацијата.

Тој истакна дека станува збор за привремени мерки, а дали истите ќе бидат повлечени ќе зависи од развојот на ситуацијата на терен и одлуките за деескалација што ќе ги донесе премиерот на Косово, Албин Курти.

Тој изјави дека работата на органите на „Спогодбата за стабилизација и асоцијација“ е привремено суспендирана, дека е одлучено Косово да не биде покането на настани на високо ниво, билатералните посети да бидат прекинати, освен оние кои имаат за цел решавање на кризата на северот на Косово во рамките на Дијалогот со поддршка на ЕУ.

Додаде и дека ЕУ исто така внимателно следи дали Србија ги исполнува нивните барања и нагласи дека и во овој случај ЕУ е подготвена да преземе мерки доколку земјата покаже непочитување.

На деескалација на состојбата на северот од Косово на синоќешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград повикаа и премиерите на Холандија и Луксембург бидејќи како што истакнаа неодамнешните тензии се закана која може да го турне балканскиот регион во нестабилност, додека Европа се соочува со руската агресија во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе