Вести Македонија Најважни

ДСЗИ врши вонреден надзор во ГАК во врска со родилката која скокна од први кат на зградата

Случајот со 39-годишната родилката од Скопје, која во неделата вечерта скокна од први кат на зградата на Гинекологија од денеска го превзема Државниот санитарен и здравствен инспекторат.  Со вонреден надзор инспекторите ќе ги утврдуваат околностите под кои мајката која на свет го донесе своето прво дете, решила да скокне од објектот. Нејзината здравствена состојба и денеска е тешка и се бори за живот на КАРИЛ и покрај извршената операција, по падот од зградата. 

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска вршат вонреден надзор на Клиниката за Гинекологија. Под лупа се околностите кои ја предизвикале родилката од Скопје во неделата вечерта да скокне од прозорец од првиот кат на зградата, велат од Министерството за здравство, каде по завршениот надзор ќе стигне извештајот од ДСЗИ.

  • Комисијата е излезена на терен и во тек е надзор за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навреме ќе биде информирана – Министерство за здравство.

Здравствената состојба на 39 годишната жена, која скокна од Гинекологија преку прозорец од ходникот на зградата, што се отвора, не е променета. Таа сѐ уште се бори за живот на КАРИЛ и е во тешка здравствена состојба, покрај извршената операција од здобиените повреди од падот. А, по извршениот увид од полициски екипи на местото на настанот до ОЈО-Скопје е доставено известување за превземени мерки и активности, велат од МВР.

За случајот вчера од Гинекологија кажаа дека жената два пати по породувањето била малку вознемирена. Првиот пат разговарала со клинички психолог, а вториот пат и дале терапија и е донесена одлука да се направи подобра проценка на нејзината здравствена состојба, а пред да се пушти дома да ја види психијатар. Од Гинекологија негираа дека треба да се затворат прозорците во ходникот, како што се тие во собите за родилките, со објаснување дека така уште повеќе негативно ќе им се влијае. Се разгледувала и опцијата, психијатар да ги посетува еднаш неделно родилките на Гинекологија.

Мајката беше породена со царски рез, а на свет го донесе своето првороденче, кое е машко. Таа скокна од зградата на Гинекологија четири дена по породувањето.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Асанж доби право да се жали против екстрадицијата во САД

Дејан Дејан

Меѓународниот кривичен суд бара налози за апсење на израелскиот прмеиер Нетанјаху и на лидерот на Хамас

Дејан Дејан

Одбележување на 75 години од постоењето на најстариот Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе