Вести Најважни Свет

Пренасочени авионите од аеродромот во Москва поради напад со дронови

Украина изврши напад со беспилотни летала врз Москва, соопшти руското Министерство за одбрана, принудувајќи ги авионите да се пренасочат од меѓународниот аеродром Внуково.

Пет беспилотни летала наводно биле користени во нападот, чија цел биле и локации во поширокиот регион околу главниот град, јавува BBC.

Министерството за одбрана соопшти дека сите беспилотни летала биле соборени и дека нема жртви или материјална штета.

Украина не ја презеде одговорноста за наводниот напад.

Ограничувањата на летовите на аеродромот Внуково, еден од трите меѓународни аеродроми во Москва, сега се укинати. Летови од Турција, Обединетите Арапски Емирати и Египет беа одложени.

Според Министерството за одбрана, четири од беспилотните летала кои летале во московскиот регион биле соборени од системи за противвоздушна одбрана. Петтиот бил пресретнат електронски пред да се урне.

Телеграмскиот канал Шот објави дека еден од дроновите, или фрагменти од него, паднале врз зграда во селото Кривошеино. Зградата потоа се запалила.

Руските државни медиуми објавија дека уште еден дрон се урнал во Кубинка, што е на околу 36 километри од аеродромот Внуково, кој се наоѓа југозападно од градот.

Ова не е прв напад со дрон насочен кон Москва. Во мај, руското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку осум беспилотни летала предизвикале мала штета.

Тоа беше првпат градот да биде цел на повеќе беспилотни летала по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Киев негираше одговорност за нападот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Дејан Дејан

Индија ги повлече своите војници од Малдивите

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе