Вести Македонија Најважни

Фирмата на Дрин Ахмети работи на Kоридор 8 – обвини ВМРО-ДПМНЕ, Тор Индустрис ги демантира овие информации

Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети кој ја купи Соравија, со фирмата Тор Индустрис формирана во 2020 година е вклучен во изградбата на коридорот 8 и други патишта, обвинија од ВМРО- ДПМНЕ.

Неговата фирма како што тврди Ковачки била формирана за да учествува во големи градежни проекти, како што е и проектот со изградбата на Kоридорот 8.

Дрин Ахмети во проектот се криел како подизведувач, а неговата фирма заедно со уште една фирма од Зајас склучиле договор вреден 1,3 милиони евра за ископ и други градежни работи, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

  • „Покрај на Коридор 8, како „Тор Индустриес“ на внукот на Али, Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делница Извор – Гарски мост. Исто како и на Коридор 8, така и на оваа делница внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги инкасираат, според документите доставени до нас од свиркачи се помеѓу 6 и 9 милиони евра.Потенцираме дека очекуваниот приход од 6 до 9 милиони евра, пред банката на „Тор Индустриес“ е изнесен токму од Дрин Ахмети, и тоа е заведено во анализата на банката“, вели Драган Ковачки пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Тор индрустрис испратија официјално соопштение во кое ги демантираат информаците пласирани од пратеникот Ковачки  и побараа јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ или во спротивно ќе се соочат на суд.

од ЈПДП ЗА Телма, негираат дека Дрин Ахмети бил вклучен како подизведувач со образложување дека овој проект за коридорот 8 немал ниту еден подизведувач, туку се чекале потписи само за проектирање. Негираат и било какво вклучување на внукот на Ахмети во овој проект.

На крајот на мај беше склучена зделката за продажба на Соравија на фирма која е на внукот на лидерот на ДУИ. Владините функционери повикуваат обвинителството да отвори истрага, додека Антикорупционерите ќе ги контролираат внуците на Ахмети.Како што во Неделата објави КОД  39% проценти од Соравиа се уште не му се заведени во Централниот регистар на Дрин Ахмети.

Но има  сопственички или управителски позиции во 4 фирми. „Тор индустрис“, фирма за развој на градежни проекти со подружница за компјутерски консултантски услуги. „Еверест ЏД“ се занимава со нискоградба, има лиценца за ископ на минерални суровини и лиценца за хидроцентрала.

„Хелиос плант“ и „Потам плант“ се фирми за производство на струја. Дрин и Бесиан се синови на Фекри Ахмети, кој му е брат на Али Ахмети. Со исто презиме веднаш до нив е Шкумбин Ахмети- синот на Ахмети, oбјави КОД.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екс претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини ќе се брани од слобода по 92 дена во притвор

Sasko Dimovski

(Видео) „Спајдермен“ му помогна на немоќно лице да премине улица

Sasko Dimovski

Трамп: Иран е значително ослабен, но и натаму е сериозен противник

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе