Кошарка Спорт

Ирвинг останува во Далас, Ван Флит потпиша за Хјустон

Тимовите во НБА-лигата почнаа со потпишување на нови играчи за претсојната сезона. Дел од слободните агенти потпишаа за нови тимови, некои решија да останат во актуелните.

Кајри Ирвинг откако мина половина сезона во дресот на Далас реши да потпише нов тригодишен договор со тимот вреден 126 милиони долари. Ќе остане во тандем со Лука Дончиќ и ќе се надева на далеку подобра сезона од лани, кога Маверикс не стигнаа ниту до плејофот.

Дрејмонд Грин исто така реши да остане со Голден Стејт и потпиша нов четиригодишен договор вреден 100 милиони долари. Крис Мидлтон повторно ќе го носи дресот на Милвоки и потпиша договор на три сезони со Бакс за 103 милиони долари.

Фред ван Флит како слободен агент оодлучи да ја промени средината и го напушти Торонто за да потпише тригодишен договор со Хјустон за 130 милиони долари.

Лос Анџелес лејкерс беа доста активни синоќа, но останаа без Денис Шредер, кој реши да потпише со Торонто. Руи Хашимура ќе се врати во ростерот на Лејкерс и потпиша на три години за 51 милион долари. Нови соиграчи на Леброн Џејмс се и Гејб Винсент од Мајами, Ториен Принс од Минесота и Кем Редиш од Портланд.

Нови договори со актуелните тимови потпишаа и Дезмонд Бејн со Мемфис, кој ќе инкасира 207 милиони долари за пет години, а Тајрис Халибартон останува  во Инндијана следните пет години и тоа за фантастични 260 милиони долари,

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе