Вести Македонија Најважни

Телма дознава: Приведени петмина за перење пари во истрагата за Скопје 2014 – меѓу нив Тодоровиќ и Здравев, се трага по уште двајца

Во голема полициска акција уапсени се поранешниот градоначалник на Центар, и сопстевник на маркетите Тинекс, Владимир Тодоровиќ, а заедно со него од слобода се лишени и задржани во полициска станица Владимир Здравев, поранешниот претседател на Советот на општина Центар, потоа Љупчо Бакев, Тодор Делјановски и Игор Секуловски. Се трага по Александар Здравев и Златко Панов, кои се недостапни за полицијата, дознава Телма. Сите се гонат за злоупотреба на службена положба и перење пари за истрагата за Скопје 2014-та и случајот Око почнат од СЈО.

Тодоровиќ бил приведен на скопскиот аердром синоќа по слетувањето на авионот од Загреб. Со истрагата се опфатени 15 луѓе, меѓу нив поранешниот премиер и азилант Никола Груевски, како и поранешен министер за култура и за финаснии и двајца градоначалници на Центар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе