Вести Македонија Најважни

Владата и Синдикатите без договор околку методологијата за почакување на платите во јавниот сектор

Владата и Синдикатите без договор околу методологијата за пораст на платите во јавниот сектор и по денешната седница на Економско социјалниот совет. Иако двете страни потврдија дека има извесен напредок во преговорите каменот на сопнување останува висината на  покачувањето на платите оваа и наредната година пред да стапи на сила методологијата за пресметка.

Според информациите на Телма, Владата на маса ставила предлог за покачување на платите во висина од 5 отсто оваа и наредната година што епод предлогот на ММФ од 10 отсто зголемени плати уште во текот на оваа година и ова не било прифатливо за претставниците на Синдикатите за кои клучно е при пресметките во методологијата да се користи просечната а не минималната плата.

За дел од Синдикатите единствено прифатливо решение е покачување на платите од 12, 8 отсто колку што беше зголемена минималната плата додека за останатите е најмалку 14,5 отсто колку што изнесува стапката на инфлација.

Од Владата пак ја оценија средбата како конструктивна и најавија дека ги очекуваат пресметките на Синдикатите пред наредниот состанот во понеделник.

Од страна на претставниците на Владата беше презентирана Методологија за пораст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 – 2025 година односно зголемување на платите во период од две и пол години. По конструктивна дискусија помеѓу социјалните партнери во однос на предлогот, се донесе заклучок дека периодот на транзиција од две и пол години е прифатлив, а владините претставници ќе направат нови симулации согласно понудените предлози од страна на синдикатите, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Додека Владата и Синдикатите се обидуваат да најдат решение продолжува протестот во УЈП а веќе за утре е најавена првата средба во рамките на процесопт на помирување меѓу сСиндикатот и раководствот на УЈП. Синдикатот не отстапува од барањето за зголемување на платите во висина од 30 отсто согласно постоечкиот колективен догховор и доколку нес е најде решение можно е во текот на идната недела да стапат во генерален штрајк.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе