Вести Најважни Свет

„Си-Ен-Ен“: САД имале точни и прецизни информации каде и како ќе напредува Пригожин кон Москва

Американските разузнувачи имале прецизни информации за саботниот бунт на Евгениј Пригожин против руските власти и точно знаеле каде и како ќе напредуваат единиците на „Вагнер“, објави „Си-Ен-Ен“. Притоа се наведува дека САД не сакале да ги споделат таквите разузнувачки податоци со сите сојузници на НАТО, освен високи британски службеници кои имале увид во документите. Извори за „Си-Ен-Ен“ рекоа дека не било јасно кога точно Пригожин ќе делува, но како можна причина за бунтот ја наведуваат изјавата на руското Министерство за одбрана од 10 јуни во која се порача дека сите приватни воени компании, вклучувајќи го и „Вагнер“, ќе мора да потпишат договори со руската војска.

Разузнувачките податоци во САД биле толку тајни, па затоа се насочувале само кон највисоките службеници во администрацијата, како и кон осум конгресмени кои имаат пристап до најчувствителни прашања, додаваат извори за „Си-Ен-Ен“.

Стејт Департментот негира каква било вмерашност на САД во вагнеровиот план.

Рускиот претседател Владимир Путин, пак, ги обвини западните лидери за бунтот на Вагнер чија цел била да ја видат Русија задушена во крвави судири.  Во петминутното обраќање до нацијата, тој вети дека организаторите на бунтот ќе ги изведе пред лицето на правдата. За дел од војниците на „Вагнер“ рече дека се „патриоти“ на кои ќе им биде дозволено да се приклучат на армијата, да одат во Белорусија или да се вратат дома и ги ослободи од одговорноста.

Белоруските медиуми, пак, утрово објавија дека Евгениј Пригожин е виден во хотелот „Грин Беј“ во Минск. Официјална потврда на таквата информација, сепак, нема, како што нема дека лидерот на „Вагнер“ е воопшто во Белорусија, земја која официјално беше соопштена како негова дестинација по договорот со претседателот Александар Лукашенко во неделата.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе