Вести Најважни Свет

(видео) Путин: Оние кои го организираа бунтот, сакаат Русија „да се дави во крв“

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини лидерите на бунтот на Вагнер дека со обидот за државен удар минатиот викенд сакале да ја видат Русија задушена во крвави судири. Но, прстот го впери и во Западот, кој според него триел раце гледајќи како платениците на паравоената група се свртела против рускиот режим.

Во петминутното обраќање до нацијата Путин вети дека ќе ги изведе организаторите на бунтот пред лицето на правдата. За дел од војниците на Вагнеровите трупи рече дека се „патриоти“ на кои ќе им биде дозволено да се приклучат на армијата, да одат во Белорусија или да се вратат дома и ги ослободи од одговорноста. Не го спомна шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој пак во 11 минутна аудио снимка неколку часа претходно негираше дека се обидел да го собори режимот на Путнин, туку дека целта на бунтот на неговите војници била да се нагласи неспособноста на руското воено законодавство во војната против Украина. Сепак Путин рече дека единството во руските воени редови оневозможило да се случи крвопролевање, за кое навива Западот.

Организаторите на бунтот, предавајќи ја својата земја,  ги предадоа оние кои беа вовлечени во злосторството. Ги излажале, ги турнале во смрт, во оган, да пукаат во своите. Токму овој исход, братоубиство – го посакуваа руските непријатели: и неонацистите во Киев, и нивните западни покровители и  секакви национални предавници. Сакаа руските војници да се убиваат меѓусебно, да убиваат воени лица и цивили, за на крајот  Русија да загуби, а нашето општество да се подели, да се задави во крвави граѓански судири.  Ги триеа рацете, сонуваа да се одмаздат за нивните неуспеси на фронтот и за време на т.н контраофанзива, но погрешно  пресметаа. Им благодарам на сите наши воени лица, службениците за спроведување на законот, специјалните служби кои застанаа на патот на бунтовниците. Останаа верни на својата должност, заклетва и на својот народ.  Храброста и саможртвата на  паднатите херои-пилоти ја спасија Русија од трагични разорни последици.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе