Вести Македонија Најважни

Обвинителите претураат по старите списи во Струга, извештај за неколку дена каде заглавила истрагата против Мерко

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко сепак, не бил дотолку недопирлив за институциите. Пред две лета со реторика својствена за фашистичките воени системи најавил „депортирање“ на луѓето кои питачат во Струга, а по претставка до надлежната комисија – Мерко прогласен за виновен.

По приложената документација во претставката, Комисијата заклучи дека утврдува вознемирување како што е наведено во диспозитивот. Од содржината во изјавата се заклучи дека градоначалникот Рамиз Мерко на свесен и целесообразен начин упатува порака за депортирање граѓани, со социјален статус: „питачи“, „собирачи на старо железо“ и ги третира како досадни, со тоа створил чувство на навреда, несигурност и ширење говор на омраза, кое ги прави селектирани во јавноста, се наведува во одлуката на комисијата.

Победата на маргинализираните и наваредните граѓани оди дотаму што Мерко добил препораки од комисијата јавно да се извини со допис во медиумите каде што се пренесени неговите изјави. Но, затоа обвинителите во Струга и Охрид немаат победа во судница во која никогаш и не влегеле преку 6 – те предмети против Мерко. Обемна е и стара документација која тимот обвинители ја прибира од битолското и струшкото обвинителство во предметите во кој се истражува струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

До крајот на оваа или идната, државниот обвинител ќе ги соопшти заклучоците, но и се чека да одговори како и по 3 години постапувањето затаило. Обвинителите затаиле, бирото за вештачење три години без наод, проверуваат како Мерко ги легализирал по багателна цена универзитетските згради. А, како што обајви КОД во емисијата обвинителството сѐ уште чека готов наод од бирото, а оттаму денеска за МКД.мк велат, дека сакале, но не добиле потребни информации за да го завршат наодот.

Во однос на последното дополнување на вештиот наод и мислење по Наредбата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на вештото лице од градежна област со допис од месец ноември 2020 година е побарана од надлежното обвинителство дополнителна документација, како би можело истото  да се произнесе по прашањата со дополнителен наод и мислење, но ден денес Бирото за судски вештачења ја нема добиено бараната документација, велат од БСВ за МКД.мк.

Додека за Мерко се бие внатреинституционална борба кој потфрлил во постапувањето, тој останува да ја предводи општината. Граѓаните го бирале, и не може да го смени никој освен тие на идни избори. И во матичната партија не му гори под нозе откако тој сам најави дека ќе ги стави во мирување активностите.

Мерко успеал да се спаси од прогон, но не успеа да ги предомисли американските власти со слика на социјалните мрежи да попуштат и да го тргнат од листата на непожелни граѓани на САД заради корупција и влијание врз судии.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе