Бизнис шемата ја кажаа, се појавија и раскажаа дека авантурата за купување на Соравија ја почнале лани есента и оттогаш преговарале. Младиот внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели уште при првата средба со австрискиот сопственик на Соравија кликнало нешто и веднаш била прифатена идејата за поделба на сопственоста врз Соравија центарот.
Се создаде веднаш хемија (конекција) меѓу нас. Тој сакаше партнери на кои може да се потпре. Тој го сакаше предлогот и сакаше промени на начинот на кој се води Соравија. И токму поради овие работи тој одлучи да остане и задржи дел во компанијата со малцински удел, а останиот дел да ни го довери нам, на конзорциумот, изјави Дрин Ахмети (сопственик на „Тхор индустриес“ и внук на Али Ахмети).
Младиот елековентен изданок на семејството Ахмети се пофали дека идејата за ова бизнис зделка е негова и дека тој од 19-годишна возраст паралелно студирал и водел фирми кои сам ги основал.
Тој го воодушевил со идејата Владимир Пјетерѓокај, бизнисмен од Албанија со кого соработувал претходно во рамки на големата градежна компанија „Пе-вла-ку“.
Проценките се дека Соравија центарот вреди минимум 31 милион евра, но тројцата бизнисмени од Зајас односно Скопје, од Тирана и од Виена не ја соопштија цената на зделката. Било деловна тајна.
Но, раскажаа кој колкав удел има и кој го плаќа кредитот. Фирмата Соравија имала околу 20 милиони евра долгови, банката од Тирана „Credins“ во која голем акционер е Пјетерѓокај, дала кредитна линија од 6 милиони евра за долговите и за зделката. Гарант е единствено фирмата на Пјетерѓокај, „Пе-вла-ку“.
Дрин Ахмети со својата бизнис идеја и со издвоени 0 евра станува сопственик на 39% од Соравија, албанската Пе-вла-ку добива 51%, а на оригиналните австриски сопственици им останува десетина од скапиот бо задолжен бизнис центар.
Сите тројца велат дека така се прави бизнис, и сите тројца го исчистија името на лидерот на ДУИ Али Ахмети, од чија фамилија е младиот Дрин.
-Јас не го знаев неговото презиме (на Дрин). Јас верував во неговото образование и им верував на неговите вештини при преговарањето затоа што јас верувам на личноста. Не сакав да верувам во политички конекции или да веруваме во некои други нешта. Единствено се потпиравме на фирмата и му верувавме на клиентот и тоа е најважно. И така ги надминавме сите работи, изјави преку видео врска од Виена, Хано Соравиа, досегашен сопственик на центарот Соравиа во Скопје.
-Ја разбирам и ја гледам вашата емоција, но, тоа ги надминува границите. Јас споделив една брошура а со Дрин Ахмети се познавам повеќе од 4 години. И во Италија беше менаџер на моја фирма. Секој што седи овде е внук на некој, е нечие дете. Би бил многу радосен ако моите предци би биле во таква ситуација за мене, рече Владимир Пјетерѓокај, сопственик на „Пе-вла-ку“ од Тирана и инвеститор во Соравиа.
-Господинот Ахмети е мој чичко, господ да го благослови. Целиот живот ми е мотивација затоа што е праведен. Тој помага на оваа земја денес. Дамата ме праша дали зборувам македонски. Но, ако го послушавме Љубчо Герогиевски тогаш за поделба на Македонија, нешто што Али Ахмети не го потпиша тогаш, немаше да постои државата. И вие не го цените доволно за тоа. Но, во ред е. Не сум овде да давам политичк изјави. Немало никакви политички врски со зделката, речи внукот Дрин Ахмети.
Бизнисменот Пјетерѓокај тврдеше дека досега учествувал на повеќе тендери во Македонија, за изградба на канализација во Кичево, за патот Блаце-Скопје, за јавни проекти во Гевгелија и иако тврди декаде имал најниски цени ги губел тендерите. Вели и тогаш со мене беше Дрин Ахмети, па не добив.
На прашањето на Телма дали му било барано мито тогаш и дали сега ќе почне да учествува и во изградбата на Коридорите со Бехтел и Енка одговори кратко.
Не, не ми барале мито никогаш. И да ми барале сигурно ќе пријавам на вас за да истражиме. За коридорот 8 ме прашувате, не сум одлучил уште дали ќе конкурирам за зделката. изјави Владимир Пјетерѓокај, сопственик на Пе-вла-ку од Тирана и инвеститор во Соравиа
Откако неколкупати не ја открија висината на зделката и вредноста на објектот, на крај внукот на Ахмети во име на сите прифати дека било која институција да му побара и испитува потекло на имот тој и неговите фирми ќе бидат отворени за истражителите.
А досега има вложено 0 евра и идеја. Заедно со партнерот од Тирана најавија дека доколку бизнисот со Соравија не им тргне, тие за две три години ако треба ќе ја продадат.
Миомир Серафиновиќ
