Вести Најважни Свет

Никој не знае каде е Пригожин – Лукашенко последен разговарал со него

Никој во моментов не знае каде се наоѓа лидерот на побунетата платеничка војска „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој со посредство на белорускиот претседател Алексдандар Лукашенко го прекина походот на „Москва“ и се договори неговите војници да се вратат во своите теренски бази, а тој да се префрли во Белорусија, со добиени безбедносни гаранции.

Откако доцна синоќа беше виден како го напушта регионалниот воен штаб на Јужната команда на руската војска во Ростов, околу 500 километри јужно од Москва, денеска за Пригожин ништо не се знае, јавуваат светските агенции.

Неговите тешко вооружени платеници се повлекоа од Ростов на Дон и целата област Воронеж, што до саботата беа под нивна контрола. Според договорот, борците на групата „Вагнер“  треба да се вратат во своите бази во замена за безбедносни гаранции и постeпeно инкорпорирање во редовните руски вооружени сили.

Последен кој разговарал со него е белорускиот претседател Лукашенко, кој според аналитичарите, тоа воопшто не била негова волја, туку наредба која ја добил од Кремљ, со што Путин ја признава својата слабост. Револтот кој го има Пригожин кон Путин можеби засега е смирен, но на долг рок секако ќе го промени политичкиот пејсаж на Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе