Вести Најважни Свет

Маневарот на Пригожин мора внимателно да се следи, велат експертите

Конвоите со борци на Вагнер го напуштија Ростов на Дон, а Пригожин беше испратен како херој од локалното население. Многумина побрзаа да се поздрават со него и да се фотографираат додека платениците на Вагнер ја собираа својата воена опрема и полека да го напуштаа градот.

Тие ја поминаа ноќта овде на станицата. Направија линија за полнење гориво, нивната колона се формираше во тој правец во должина од околу 500 метри, вели Светлана Панова, касиерка на бензинска пумпа.

 

Ништо не попречуваа, мирно стоеја на тротоарот и не се приближуваа и не разговараа со никого. Изгледа дека момците имале долг пат, сигурно биле уморни. Само мирно стоеја таму. Имаа митралези и маски – изгледаа уморно, додава Милена Горбунова, жител на Красноје.

 

Тие не им пријдоа на цивилите, децата трчаа наоколу како и секогаш. Вагнеровите трупи се нормални луѓе, веројатно наши деца, наши браќа, вели Николај, жител на Красноје.

 

Влегоа да купат цигари. Воопшто не купуваа алкохол, зедоа нешто да јадат. Добри момци, учтиви, не ги ни слушнав како пцујат, за разлика од локалните жители, раскажува Наталија Новикова, касиерка во супермаркет.

Според договорот кој го објави Кремељ тие се упатија кон Белорусија. Ветено им е дека земјата нема да ги гони по обвиненијата за пуч и рушење на државноста на земјата. По спогодбата со Пригожин до јавноста се обрати и рускиот претседател Владимир Путин во гостување на националната телевизија. Во својот говор тој ја повтори својата посветеност на војната во Украина, нарекувајќи ја „специјалната воена операција“ свој главен приоритет. Поранешниот шеф на британската армија, лорд Ричард Данат предупредува дека настаните во последните 48 часа во Русија треба да се следат многу внимателно.

Тоа што заминал во Белорусија е загрижувачко, она што не го знаеме, но ќе го откриеме во следните часови и денови, е колку негови борци отишле со него затоа што ако отишол во Белорусија и одржува ефективна борбена сила наоколу, тој повторно претставува закана за украинското крило најблиску до Киев, каде што сето тоа започна на 24 февруари минатата година. Така, иако се чини дека ова прашање е затворено, тоа е далеку од затворено, а „афтершоковите ќе одекнуваат подолго време“, анализира Лорд Ричард Данат, поранешен началник на генералштабот на британските вооружени сили.

Актуелниот амбасадор на ОК во ОН, Сер Марк Лајал Грант, ја споделува загриженоста на Лорд Денат. И покрај неговото изненадување што на Пригожин му беше дозволено да се пензионира во Белорусија и неговите војници да бидат примени во руската армија, тој верува дека политичкиот распад може да предизвика „граѓанска војна во Русија бидејќи тоа има секакви потенцијални штетни последици со оглед на тоа што земјата сè уште е најголемиот сопственик на нуклеарно оружје во светот.

Фактот што се чини дека овој договор му даде на Пригожин еден вид бесплатно помилување за да се пензионира во Белорусија и дека платениците на Вагнер ќе бидат апсорбирани во редовната руска армија е можеби изненадување, но затоа мислам дека оваа сага конечно не е завршена работа. Затоа што ми е многу тешко да поверувам дека Пригожин ќе има мирна пензија во Белорусија, вели Сер Марк Лајал Грант, поранешен амбасадор на Велика Британија во ОН.

Тешко вооружените руски платеници „Вагнер“ се повлекоа во текот на ноќта од јужниот руски град Ростов, откако го запреа нивното напредување кон Москва според договорот што стави крај на кризата што претставуваше невиден предизвик за авторитетот на претседателот Владимир Путин.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе