Вести Најважни Свет

Грција на нови парламентарни избори бира меѓу власт со силна опозиција или „неконтролирана влада“

Грците денеска повторно гласаат на парламентарни избори каде се очекува убедлива победа да извојуваат конзервативците, а нивниот лидер Кирјакос Мицотакис да ја зајакне својата позиција и да добие втор мандат како премиер.

Нешто помалку од десет милиони граѓани ќе гласаат на изборите на кои учествуваат 32 партии, коалиции или самостојни кандидати.

Лидер на Сириза, Алексис Ципрас утрово го даде својот глас.

Говорејќи по гласањето во западна атинска населба, Ципрас се чинеше дека прифати дека неговата партија ќе биде опозиција во следните четири години.

„Овие клучни избори не само што одредуваат кој ќе управува со земјата, туку го одредуваат нашиот живот во следните четири години, тие го одредуваат квалитетот на нашата демократија“, рече Ципрасн додавајќи дека  овие избори одредуваат дали земјата ќе добие „неконтролирана влада“ или силна опозиција.

48-годишниот шеф на левичарската партија Сириза беше премиер од 2015 до 2019 година, за време на некои од најтурбулентните години од речиси децениската финансиска криза во Грција.

Политичката кампања на Сириза во пресрет на претходните избори многумина ја оценија како премногу негативна, фокусирајќи се премногу на скандалите што ја погодија владата на Мицотакис при крајот од нејзиниот мандат.

Дали конзервативниот лидер ќе успее да формира влада и колку таа ќе биде силна, може да зависи од тоа колку партии ќе го надминат прагот од 3 отсто за влез во парламентот.

Утринава својот глас го даде и грчкиот конзервативен лидер Киријакос Мицотакис.

Неговиот говор во кој тој даваше забелешки на новинарите по гласањето накратко беше прекинат од демонстрант со транспарент на кој пишуваше „застанете со бегалците“.

Грците гласаат на вторите општи избори за помалку од два месеци, при што конзервативната партија на власт во последните четири години е силен фаворит за победа со широко мнозинство.

55-годишниот конзервативен лидер очекува втор четиригодишен мандат како премиер, откако неговата партија Нова демократија победи со огромна разлика во мај, но не успеа да добие доволно пратенички места за да формира влада.

Со новиот изборен закон кој сега ја фаворизира победничката партија со бонус места, тој се надева дека ќе освои доволно места за да формира силно мнозинство во 300-члениот парламент.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе