Вести Најважни Свет

Расте напнатоста по вооружениот бунт на платениците на Вагнер, Путин вети жесток одговор

Русија во опасност од граѓансдка војна. Платениците на Пригожин се судри со руската армија откако претходно сопственикот на Вагнер, Пригожин, повика на вооружен бунт со цел соборување на рускиот министер за одбрана. Жителите на поголемиот јужен руски град Ростов-на-Дон утрово се разбудија од бучавата на воените возила кои го зазедоа воените објекти во градот и ги блокираа улиците. Во меѓусебните пресметки соборен е и еден руски хеликоптер.

Хеликоптер штотуку отвори оган врз цивилен конвој. Беше соборен од трупите на приватната воена компанија Вагнер, потврди Пригожин.

Експресно утринава се огласи и рускиот претседател Владимир Путин со обраќање до нацијата и вети дека ќе ја брани земјата и народот од агресијата на неговиот поранешен пријател и готвач водачот на Вагнер. Путин рече дека бунтот претставува смртоносна закана за државноста на земјата и најави „тешки акции“ како одговор. Постапките на Пригожин, ги нарече предавство а сите кои им се придружија на платениците ги повика да не прават фатална грешка.

Секакви внатрешни превирања се смртоносна закана за нашата државност, за нас како народ. Ова е удар за Русија, за нашиот народ. И нашите активности за заштита на татковината од таква закана ќе бидат тешки. Сите оние кои намерно тргнаа по патот на предавството, кои подготвија вооружен бунт, тргнаа по патот на уцените и терористичките методи, ќе претрпат неизбежна казна, ќе одговараат и пред законот и пред нашиот народ, порача рускиот претседател Владимир Путин.

За тоа колку сериозно Кремљ ја сфати заканата на групата Вагнер говори и фактот што руските властите прогласија „контратерористички режим“ во Москва и нејзината околина, дозволувајќи ограничени слободи и зајакнување на безбедноста во главниот град. На руските граѓани забранет им е пристапот до интернет.

Руските државјани збунети од акциите на лидерот на платеничката група се упатија кон Црвениот плоштад но таму ги пречекаа барикади од полициски и воени возила. Во меѓувреме руските медиуми објавија дека руските специјалци го заземале седиштето на „Вагнер“ во Санкт Петербург.

Во моментов јас сум разочаран од ова. Тоа што се случи се случува на територијата на Руската Федерација. Се случува некое предавство. Целосно го поддржувам Министерството за одбрана, вели жител на Москва.

 

Интересно е што ќе се случува следно. Дури и овде..колку што разбрав, Црвениот плоштад не е секогаш затворен…Има полицајци… Всушност е страшно. Но, за сега нема да дадам свое мислење, додава друг жител на Москва.

Пригожин пак ги негира наводите на Путин за предавство и обвини дека рускиот министер за одбрана и началникот на Генералштабот се тие кои ги нападнале силите на Вагнер во Украина. Меѓувреме во Ростов на Дон кој во моментов е под контрола на платениците се создадоа големе редици пред бензинските пумпи во очекување на одговор на руската армија.

Жител: Секогаш го полнам резервоарот со гориво до крај“.

 

Новинар: А боцата со гас?

 

жител: „Гасот може за секој случај. Но, јас обично го полнам резервоарот со гориво.

 

Новинар: Дали тоа е поврзано со ситуацијата во градот?

 

Жител: Па, мислам дека сите се малку исплашени, се разбира, тоа не е нормално.

Западот воздржан за вооружениот бунт на „Вагнер“ во Русија. Велика Британија, Германија, Полска и Италија одделно порачаа дека внимателно ги следат настаните, а според Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, наскоро ќе се знае судбината на рускиот претседател Владимир Путин.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе