Вести Најважни Свет

Пригожин тргна на Москва?: Платениците на Вагнер ги окупираа воените објекти во Ростов

Шефот на платеничките сили на Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека неговите војници зазеле клучни воени објекти во јужниот руски град Ростов на Дон.

„Воените објекти на Ростов, вклучително и аеродромот, се под наша контрола“, рече Пригожин во видеото објавено утринава.

Тој рече дека неговите сили го зазеле штабот на руската армија на југот на земјата во град со над милион жители во пограничната област со Украина. Ова не можеше веднаш да се потврди независно. Министерството за одбрана во Москва се уште не ги коментираше тврдењата на Пригожин.

Пригожин во видеото рече и дека борбените авиони за војната против Украина продолжиле да полетуваат од аеродромот во Ростов според планираното:

„Авионите… ќе полетаат според планираното“.

Пригожин претходно тврдеше дека неговите војници собориле воен хеликоптер кој пукал во цивилен конвој. Тој не обезбеди докази за своите тврдења и тие не можеа да бидат независно проверени.

Гувернерот на Ростовската област Василиј Голубев им порача на жителите да останат мирни и во своите домови. Сегашната ситуација бара максимална концентрација на сите сили за одржување на редот, напиша тој на Телеграм.

„Агенциите за спроведување на законот ги преземаат сите неопходни чекори за да се осигура безбедноста на жителите во областа.

Властите на руската престолнина Москва и неговата околина прогласија вонредна антитерористичка состојба поради вооружениот бунт на водачот на руските платеници Пригожин.

„Со цел да се спречат можни терористички напади во градот и во московската област, воспоставен е режим на антитерористички операции“, објави рано утринава Рускиот национален антитерористички комитет.

Во Москва се засилени безбедносните мерки.

Областа Воронеж во југозападна Русија, која граничи со Украина, исто така прогласи вонредна состојба.

Антитерористичката вонредна состојба им овозможува на руските власти да ги зголемат контролите и да го олеснат апсењето на граѓаните. Телефонските повици може да се прислушуваат почесто. Сепак, се уште не е јасно какви конкретни мерки ќе бидат преземени во Москва и Воронеж.

Во петокот, руската тајна служба ФСБ објави дека го истражува Пригожин за обид за воен удар.

Шефот на приватната армија повика на борба против военото раководство на Москва во петокот вечерта, јавува агенцијата Интерфакс. Пригожин го обвини военото раководство на Москва дека ги напаѓа неговите платенички единици и се закани со контрамерки.

ФСБ и Министерството за одбрана на Русија ги отфрлија обвинувањата на Пригожин. Сите обвинувања се лажни и „провокација“, се вели во соопштението на Министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе