Вести Најважни Свет

На околу 200 километри од Москва Пригожин донесе одлука да се повлече

Шефот на приватните руски воени сили Вагнер изјави дека им наредил на своите платеници да го прекинат „маршот кон Москва“ и да се повлечат во нивните теренски кампови во Украина за да избегнат пролевање на руска крв.

Најавата на Евгениј Пригожин се чинеше дека ја смирува драматично ескалирачката криза што претставуваше најзначајниот предизвик за раководството на рускиот претседател Владимир Путин во неговото над две децениско владеење.

Пригожин не соопшти дали Москва одговорила на неговото барање да го смени рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Денес дојде моментот кога може да се пролее крв. Свесни за сета одговорност за пролевањето руска крв, од една или друга страна, ги враќаме нашите конвои и се враќаме во полските логори, според планот. Сакаа да го распуштат ПМЦ Вагнер. „Маршот на правдата“ го започнавме на 23 јуни. Во текот на 24 часа марширавме и застанавме на 200 километри од Москва. За ова време не пролеавме капка крв од нашите борци, порача сопственикот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

Москва се подготви за пристигнување на приватна армија предводена од бунтовничкиот платеник командант со подигање контролни пунктови со оклопни возила и војници на југот од земјата. Војската на Вагнер претгодно брзо напредуваше кон Москва низ регионот на Липецк, кој е лоциран на околу 300 километри.

Претходно властите испратија багер да ископа импровизиран ров за автопатот М4 да биде неупотреблив.

Утринава експресно се огласи и рускиот претседател Владимир Путин со обраќање до нацијата и вети дека ќе ја брани земјата и народот од агресијата на неговиот поранешен пријател и готвач водачот на Вагнер. Путин рече дека бунтот претставува смртоносна закана за државноста на земјата и најави „тешки акции“ како одговор…

Секакви внатрешни превирања се смртоносна закана за нашата државност, за нас како народ. Ова е удар за Русија, за нашиот народ. И нашите активности за заштита на татковината од таква закана ќе бидат тешки. Сите оние кои намерно тргнаа по патот на предавството, кои подготвија вооружен бунт, тргнаа по патот на уцените и терористичките методи, ќе претрпат неизбежна казна, ќе одговараат и пред законот и пред нашиот народ, порача рускиот претседател, Владимир Путин претседател.

Ситуацијата во Русија будно ја следат и лидерите во Европа. Највисокиот дипломат на Европската унија, Жозеп Борел на твритер соопшти дека поради превирањата го активирал кризниот центар.

 „Разговарав со министрите за надворешни работи на Г7 за размена на мислења за ситуацијата во Русија. Во пресрет на Советот за надворешни работи на ЕУ во понеделник, координирам во Европската унија и го активирав центарот за одговор на кризи“, напиша тој на Твитер

Русија е изложена пред опасност од граѓансдка војна. Платениците на Пригожин се судрија со руската армија откако претходно сопственикот на Вагнер, Пригожин, повика на вооружен бунт со цел соборување на рускиот министер за одбрана. Жителите на поголемиот јужен руски град Ростов-на-Дон утрово се разбудија од бучавата на воените возила кои го зазедоа воените објекти во градот и ги блокираа улиците.

Во меѓусебните пресметки соборен бешее и еден руски хеликоптер.

 Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе