Вести Македонија Најважни

Рамиз Мерко е прв функционер на ДУИ кој поради корупција заврши на црната листа на САД

Рамиз Мерко е прв функционер на ДУИ кој поради корупција заврши на црната листа на САД. Доби забрана за влез во Америка, а иста забрана ја добија и неговата сопруга и трите полнолетни деца. Стејт департментот оцени дека струшкиот градоначалник Мерко е вмешан во корупција и дека тој како градоначалник злоупотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси. Поради тоа,  за Соединетите Американски Држави, Мерко од денеска е непожелен за влез.

-Соединетите Американски Држави го назначуваат градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршувал функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвојувал средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија, велат од Стејт департментот на САД.

Според официјалната објава, Американците со денешната одлука порачуваат дека ја поттикнуваат стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото.

„Со одлуката ја потврдуваме посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ„ стои во соопштението на американската администрација.

Мерко е прв функционер од ДУИ но и од владеачката коалиција кој поради корупција завршува на американската црна листа. Од САД нема објаснување за кои случаи се работи.

Мерко инаку е и во сопственичката структура на Меѓународниот Универзитет во Струга за кој имаше повеќе новинарски истражувања и сомнежи. Од тој Универзитет потекнува и Јетон Шакири кој сега е министер за образование.

Рамиз Мерко како човек од доверба на Али Ахмети е постојан кандидат на ДУИ за градоначалник во Струга, сега го извршува 4-тиот мандат.

Во ноември лани, во Македонија дојде тим за санкции кој прибираше информации за функционери поврзани со корупција без да откријат било какво име.

Покрај тоа, тој тим скенираше и функционери кои веќе беа под американски санкции како Сашо Мијалков и пресудите поврзани со него.

На црните американски листи се наоѓаат и поранешниот премиер Никола Груевски, лидерот на ДПА Мендух Тачи. Мерко е прв функционер од ДУИ кој добива место на црна листа на САД и тоа поради корупција.

Тамара Марковска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе