Вести Култура Топ вести

Џезерите ќе вежбаат во просториите на поранешна Килимара под МОБ

Владата на денешната седница ја смени одлуката за сместување на новиот Џез оркестар во зградата на Филхармонија. Џез оркестарот ќе има трајна адреса во Општина Центар, на булеварот „Гоце Делчев“ број 4, во просториите на поранешната килимара под Македонската опера и балет (МОБ), спроти КУД „ Орце Николов“.

„Овој простор од 475 метри квадратни е со трајно користење на Министерството за култура. Откако беше заокружен целиот процес , кој заради почитување на законските процедури и рокови неминовно траеше неколку недели , Владата на денешната седница донесе одлука овој простор да и припадне на националната установа Џез оркестар“, изјави Бисера Костадиновска- Стојчевска, министерка за култура.

За новите простории на Џез оркестарот веќе е изготвен проект за реконструкција и обнова и обезбедени се средства. Идејното решение ќе биде претставено наредната недела, а министерката очекува со обновата да се почне во најскоро време и таа да заврши до крајот на годината.

На менувањето на одлуката од владата за сместување на Џез оркестарот во објектот на Филхармонијата и претходеа тримесечни протести на Синдикатот на Филхармонијата. Тој не се сложуваше Џез оркестарот да биде во објектот на Филхармонија, поради недоволни просторни и технички капацитети. Министерката за култура денеска кажа дека го исполнила ветувањето дека ќе се најде нов простор за Џез оркестарот. Таа демантираше дека поради одмазда за протестите праќала инспекции во Филхармонија и дека и ја блокирале сметката.

„Вистината е дека заради подобра евиденција и искористеност на секој денари во културата од пред неколку месеци побарав сите национални установи да достават прецизен план , каде и како ќе бидат искористени тие средства“, додава Костадиновска Стојчевска.

Министерката побара извинување од претседателот на Синдикатот на Филхармонија заради јавно објавената преписка со неа во врска со проблемот, но и од директорката Тина Иванова и од Управниот одбор, за како што рече, лагите и манипулациите кои во меѓувреме ги ширеа во јавноста. Но, кажа дека нема одлука за смена на директорката на Филхармонија.

По промената на одлуката на владата, од Синдикатот на Филхармонија кажаа дека го откажуваат најавениот протест за в сабата, пред концертот на Белградската филхармонија со диригентот Зубин Мехта.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе