Вести Македонија Најважни

Две недели кризна состојба во Идризово – резултатот помалку бегства, дрога и корупција

Зад овие ѕидини владее мир, вели надлежната управа и директорот на најголемиот затвор во земјава. Но, кој се грижи за редот на над 1.000 тешки осуденици е проблем за кој сè уште нема системско решение. Безбедносни причини и недоволен број на затворски чувари беа причините владата пред две недели да прогласи кризна состојба и координацијата да ја предаде во раце на Стојанче Ангелов, директорот на Центарот со управување кризи (ЦУК), а се обврза дека итно ќе вработи нови затворски чувари.

Тој на располагање ја доби војската и полицијата, но раководењето со затворските работи остана во надлежностите на затворската служба. На „Идризово“ му недостигаат 100 затворски чувари, чие вработување сега е заглавено во министерството за финансии. Се чека потпис на министерот Фатмир Бесими. Откако ќе се обезбедат потписот и средствата, ќе се објави оглас, а 100-те избрани кандидати веднаш ќе добијат решение за вработување. Нивниот паралелен процес на обука и работни задачи ќе трае најмалку четири месеци, пред да се осамостојат во работата.

Владата засега не открива колку долго војници ќе ги чуваат затворениците, а ќе помагаат полицајци. Од кризниот штаб брифираат дека кризната состојба дава резултати – бегства нема, нема и дрога и алкохол заради засилената контрола, а внатре се води и борба за искоренување на корупцијата која со децении царува во во најголемиот затвор во армијата, нешто што е забележано во сите извештаи на надлежните.

Стравувањата се дека приливот од надвор на супстанци и забранети предмети претстаува безбедносен ризик, кој се следи со помошта на триото чувари, полиција, армија. Црвениот аларм за интервенција „Идризово“ не успеа да ја вклучи народниот правобранител, а тоа го сторија затворениците.

Повеќекратниот убиец Беким Мемети разоружа четворица затворски чувари во затворско комбе со врзани раце, пукаше и рани еден и избега. Друга група со месеци копала и опремувала тунел за бегство. И двата случаи се отворени истраги во обвинителството за организиран криминал, но засега разрешница сè уште нема.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе