Вести Македонија Најважни

Министерот Лога со колективно завршување на мандатот, ќе го враќа „нормалното“ во Судски совет

„Метла“ за сегашниот состав на Судскиот Совет преку законски измени. Ова, според министерот за правда, е можната терапија за состојбата во највисокиот правосуден орган во државата, кој сам си ја препиша дијагнозата незаконски постапувања со серијата одлуки од разрешувањето на поранешната претседателка Весна Дамева, па досега.

Лога тврди дека, иако е политичар, нема да навлегува политички во процесот но за наредните денови најавува средба и со опозицијата во Собранието да разговара за оваа законска измена. Од друга стран претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека овој состав на Советот дополнително го спуштал судскиот систем надолу, но дека секоја одлука мора да биде во согласност со законот.

Од Коалицијата за правично судење решението на Лога го гледаат како голем политички ризик и преседан кој може политички да биде употребуван од извршната власт, а најдобро решение е оставка.

„Сепак, оваа иницијатива во себе носи ризик да ја наруши независноста на судската власт, а со тоа и да постави сериозен преседан кој би можел да биде злоупотребен во иднина. Поради тоа е потребно да се размисли сериозно за можните ризици од интервенции на извршната и законодавната власт, па токму затоа е неопходно преостанатите членови на Советот кои сѐ уште не поднеле оставки да ја сфатат сериозноста на состојбите кои самите тие ги причинија, да ги стават општествените интереси над сопствените лични интереси и да ги заштитат независноста, професионалноста и угледот на судскиот систем преку поднесување на оставки“, велат од Коалиција за правично судење. 

Од Советот ни одговорија дека Судскиот совет нема да ја коментира изјавата на Лога и негово право како министер е да предлага закони и нивни измени. Од друга страна Лога и натаму го чека записникот од контроверзната прва седница кога со 7 гласа беше разрешена Дамева додека заменикот Адеми во нејзино присуство надвор од процедурите повика на гласање.

Министерот е загрижен, но не е изненаден ниту од резултатите на ОБСЕ истражувањето меѓу судиите во кое самите си кажале дека во нивните редови има корупција и притисоци, а судскиот совет го прогласиле за орган во кој немаат доверба.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе