Вести Македонија Најважни

ЈО побара притвор за возачот кој учествуваше во сообраќајната несреќа кај Лепенец

Јавното обвинителство до Основниот кривичен суд во Скопје побара 48 часовен притвор за 64 годишниот возач од Скопје кој за време на несреќата, во која кај реката Лепенец животот го загубија три лица од семејството Пацоли, престигнувал колона возила во критичниот момент.

Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по синоќешната несреќа, соопштуваат од ЈОРСМ.

Од обинителство велат дека мерката е изречена поради околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Вчера заврши потрагата во водите на Лепенец по двајцата родители и 16 годишното дете кои беа извлечени мртви.

Еден од патниците во возилото, односно 21 годишниот син успеал да се извлече пред автомобилот да потоне во надојдената вода.

Тој е хоспитализиран во градската болница Осми Септември во Скопје со сериозни повреди и во состојба на шок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе