Пронајдени се три безживотни тела и автомобилот кој беше извлечен од Лепенец, по страотката сообраќајна несреќа којашто се случи вчера на патот Скопје – граничен премин Блаце.
- Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце. Пронајдено е и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.
На местото на страотната сообраќајна несреќа пристагнаа возила на Брзата помош и на погребното претпријатие Бутел.

Таму се уште се специјалците на единицата „Тигри“ кои попладнево го продајдоа автомобилот марка BMW со косовски регистарски таблички, кое вчера по поминувањето на граничниот премин Блаце се судри со возило „Фолцфаген“, кое претекнувало колона автомобили, излета од патот и падна во реката Лепенец.
Со BMW-то патувало четиричленото семејство Пацоли, а постариот син, кој има 21 година успеал да се спаси и сега е хоспитализиран во ГОБ 8-ми Септември во Скопје.

