Вести Македонија Најважни

(Фото) Еден од браќата извлечен, се трага по другиот и родителите – продолжува потрагата по трите лица од БМВ-то кои вчера завршија во Лепенец

Продолжува потрагата по трите лица по вчерашната сообраќајна несреќа во која возило од марката БМВ, со косовски регистарски таблички, заврши во реката Лепенец. Станува збор за четиричлено семејство, а од водите на реката Лепенец е извлечен само 21-годишниот Ш.П. кој со телесни повреди е пренесен во ГОБ „8 Септември“.

Спасувачките екипи и денеска се излезени на терен, во обид да ги пронајдат неговите родители и брат кои биле во автомобилот. Возачот на возилото „фолксваген туран“, кој учествуваше во несреќата, е лишен од слобода и задржан на натамошно постапување.

„На 17.06.2023 година, околу 15:20 часот, е пријавено дека на патот Скопје – ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. (64) од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. (60) од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“, според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16 годишен малолетник. По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе