Вести Најважни Свет

Русија ги испорача првите нуклеарни ракети во Белорусија – Европа доби нова нуклеарна сила

Русија ја постави првата серија на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, изјави рускиот претседател Владимир Путин на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург и нагласи оти ќе биде употребено дека ќе се користи само во случај на опасност по територијата или државата Русија.

Американската влада, по објавата на Путин, се огласи со реакција преку државниот секретар Ебтони Блинкен кој вели дека „нема сигнали оти Кремљ се подготвува да употреби нуклеарно оружје за напад на Украина“.

Тактичкото нуклеарно оружје се мали нуклеарни боеби глави и систем за испорака наменети за употреба на бојно поле или за ограничен удар. Тие се дизајнирани да уништат непријателски цели во одредено подрачје, без предизвикување на широко распространета радиоактивност.

Најмалото тактичко нуклеарно оружје може да има еден килотон или помалку, произведувајќи еквивалент на илјада тони експлозивен ТНТ. Најголемите може да бидат и до 100 килотони. Колку за илустрација, атомската бомба која САД ја фрлија врз Хирошима во 1945 година имаше 15 килотони.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг вчера пристигна во Србија

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста на гласачи до 9 часот помала во однос на 2019 година

Дејан Дејан

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе