Вести Македонија Најважни

(видео)Преспа форумот за дијалог го прекина мал инцидент- врз модераторката падна лед панел

Преспа форумот за дијалог го прекина мал инцинет- врз модераторката падна лед панел но, за среќа никој не е повреден. Па по кратката координација дебатата продолжи.

Поради силниот ветер видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели, а дел од присутните се дигнаа на нозе.

  • Кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). „Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панелот продолжи  со предвидената агенда. Информираме дека Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика, утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки. Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим“, соопшти МНР.

Во видеото подолу можете да го видите тој момент

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе