Вести Најважни Свет

Српската полиција уапси тројца косовски специјалци – Косово тврди дека се киднапирани на нивна територија, забранет увозот на српски стоки

Српската полиција уапси тројца косовски специјалци, за кои тврди дека биле вооружени до заби со автоматски пушки, во полна борбена опрема, со уреди за локации и мапи. Според тврдењата на Србија уапсените го преминале административниот премин и биле навлезени на српска територија. Но, од косовската полиција известувааат дека полицајците се киднапирани, откако биле на должност и ја известиле базата дека забележале вооружени и маскирани лица, на граничниот премин. На местото на настанот, според соопштението, пристигнале дополнителните единици на косовската полиција, пронашле само службен автомобил, но не и полицајци..

За премиерот Албин Курти, Србија се одмаздува за вчерашнот апсење на Милун Миленковиќ – Луне, кој според него е криминалец и е еден од организаторите на нападот врз членовите на КФОР на 29 мај. Курти тврди дека ова е чин на српска агресија.

Тројца косовски полицајци се киднапирани денеска во Лепосавиќ каде некогаш имало илегален шверцерски пат кој се наоѓа на околу 300 метри во нашата државна територија… Влегувањето на српските сили на територијата на Косово е агресија и има за цел ескалација и дестабилизација. Бараме итно ослободување на тројцата киднапирани полицајци и ги повикуваме меѓународните фактори да го осудат овој српски чин на агресија, напиша Курти на Фејсбук. 

 

Белград негира дека влегла на територија на Косово и подготвени се да ги понудат сите докази, додаваат дека уапсените се терористи кои со опасна намера тргнале кон централна Србија.

Оваа терористичка банда е уапсена денеска во 12.38 часот, длабоко на територијата на централна Србија во реонот на селото Гњилица во општина Рашка. Сакам да напоменам дека припадниците на нашата полиција со нога не стапнаа на територија на Косово и Метохија, и не ја прекршија резолуцијата 1244, ниту воено-техничкиот договор, бидејќи не ја преминаа административната линија. Ние сме апсолутно подготвени да ги понудиме сите докази и повикуваме ако е потребно да се отвори и меѓународна истрага, па дури и Американците и Британците да ги достават своите снимки од сателитите на кои јасно се гледа она што го говориме, а тоа е дека српската полиција ниту милиметар не премина преку административната линија, изјави АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВИЌ, ДИРЕКТОР НА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КиМ 

 

Како одговор на денешниот инцидент Косово го забрани увозот на стоки од Србија. Ова дополнително ја разгорува ситуацијата на терен, која е критична по протестите во општините населени со мнозинско српско население, кои протестираат против новоизбраните албански градоначалници.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе