Вести Најважни Свет

На 86-годишна возраст почина Силвио Берлускони

Силвио Берлускони, поранешниот италијански премиер околу кого вратеа сексуални скандали и бројни обвинувањата за корупција, почина на 86-годишна возраст. Како што јавуваат италијанските медиуми тој починал во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. За јавноста е познато дека тој во април се лекуваше од белодробна инфекција поврзана со претходно неоткриен случај на хронична леукемија. Неговите посети и терапии во оваа миланска болница започнаа пред неколку години. Освежен по терапијата пред три години објави дека го наминал најопасниот предизвик во неговиот живот.

Фала му на Бога и благодарение на професионалноста на лекарите од Сан Рафаеле, професорот Алберто Зангрило пред се, го надминав она што го сметам за можеби најопасниот предизвик во мојот живот, изјави тогаш берлускони.

Познатиот медиумски тајкун и милијардер, Берлускони првпат дојде на функцијата премиер на Италија во 1994 година и водеше четири италијански влади се до 2011 година. Кога поради низата скандали и нестабилната италијанска економија ја изгуби поддршката и тој поднесе оставка во ноември 2011. Тој ја предводеше централно-десничарската партија Форца Италија, која влезе во коалиција со премиерката Џорџија Мелони по изборите во септември, кога беше избран во Горниот дом на Италија, односно во Сенатот. Антонио Тајани, кој заедно со Берлускони ја основаа „Напред Италија“ во 1993 година, своевремено изјави дека поранешниот премиер е лидер во сите сфери на животот – претприемач, лидер во фудбалот, како долгогодишен сопственик на „Милан“. Една од последните негови изјави е кога минатата година ја коментираше руската инвазија во Украина.

Путин беше поттикнат од руското население, неговата партија и неговите министри да ја измислија оваа „специјална операција“, како што ја нарекоа на почетокот, според која руските трупи мораа да влезат и за една недела да стигнат до Киев, да ја заменат владата на Зеленски со влада од добри луѓе и да се вратат за една недела. Наместо тоа, наидоа на неочекуван и непредвидлив отпор од украинските трупи, кои потоа исто така беа снабдени со оружје од секаков вид од Западот, оцени тогаш берлускони.

Животот на Берлускони беше исплетен со безброј кривични пријави против него – иако единствената пресуда што не беше поништена во жалбата беше за даночна измама – и неговите озлогласени секс забави, познати како „бунга бунгас“, на кои често се појавуваа помлади убавици кои му служеа за неговиот имиџ и напредување во кариерата.

Седум годинишната затворска казна по скандалот со малолетната Мароканка, позната како „Руби, крадец на срцето“, беше поништена, иако потоа се соочи со две обвиненија за поткуп на сведоци за да молчи.

„Веќе им кажав на децата дека кога ќе заминам, ако сакаат, можат да продадат се што ќе им оставам. Единствено да не продаваат две работи: мојата куќа во Аркоре и поголемиот дел од сопственоста на „Милан“, ова е изјава на Берлускони објавена во неговата биографија со наслов „Епската приказна за милијардерот кој владееше со Италија“. Берлускони зад себе остави пет деца од два брака.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот на САД забрани увоз на руски ураниум

Дејан Дејан

Трендафиловски: Црвен картон од работниците за Врховен порати одлуката да ни го одземе Работничкиот дом

Дејан Дејан

Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно – Временска прогноза за 2.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе