Вести Македонија Најважни

Три децении партнерство на АРМ и Националната гарда на Вермонт

Националната гарда на Вермонт, малата држава на истокот на САД, веќе триесет години е партнер на македонската армија и на одбранат Успешната соработка на војниците треба да се прошири и со соработка во цивилниот сектор, вели генералот Грегори Најт од националната гарда на Вермонт.И додека се подготвува одбележувањето на тридецениската соработка, таа не престанува и во моментот на обука има армиски тим.

Во маски и скафандери, специјализирани за воени интервенции со ризични и опасни материи, 5-те припадници на армијата од четата за атомско билошко хемиска одбрана се дел од вежбата која се одржува на полигонот на Националната града на Вермонт во САД. Двајцата капетани Томовска и Дилавери се дел од тимот на АРМ кој е на еднонеделна обука.

Македонската армија со војниците од Вермонт оваа година одбележуваат соработка од цели три децении. Почната во првите денови од независноста на Македонија, прерасната во вистинско партнерство,  со планови и за наредната деценија, објаснија на оперативниот брифинг во главниот штаб на Гардата на Вермонт и домаќините и гостите, првите луѓе на Одбрана и на АРМ.

  • За првпат во Северна Македонија бев пред 22 години и еве не сега, се уште сме посветени на ова неверојатно динамично партнерство. Кога ќе погледнеме каде бевме пред 30 години и каде сме денес, достигнувањата се неверојатно, и со размена на искуства и со заеднички бенефит, рече генерал мајор Грегори Најт, командант/генерален аѓутант на Национална гарда на Вермонт.

Ние имаме наш полигон, но тој е само една петина од просторот и можностите на Вашиот Криволак, велат од врвот на Националната гарда на државата Вермонт кои прикажаа дел од можностите и условите на стрелиштето чиј кружен модел го препорачуваат да се примени и на Криволак.

од Вермонт за Телма известуваат Миомир Серафиновиќ и снимателот Игор Јанковски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе